СВР Струмица поднесе четири кривични пријави против приватна фирма од Струмица и З.Х.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 22.08, 29.08., 06.09. и 12.09.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, односно на повеќе стоечки маси немало средства за дезинфекција, а околу масите биле присутни повеќе лица од дозволеното. Исто така, во објектот имало организирано и музички настапи без да биде обезбедно потребното растојание помеѓу гостите и естрадните уметници.
СВР Струмица поднесе две кривични пријави против две правни лица од Струмица, против А.Р.(25) од Струмица и Н.М.(30) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 22.08. и 29.08.2020, пријавените постапиле спротивно на протоколот за отварање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, односно на повеќе стоечки маси немало средства за дезинфекција и околу нив биле присутни повеќе лица од дозволеното. Исто така, во објектот имало организирано и музички настапи без да биде обезбедно потребното растојание помеѓу гостите и естрадните уметници.