Новото продолжение на „Светот Јура“ одложено

„Јуниверзал пикчрс“ го одложи премиерното прикажување на научно-фантастичниот филм „Светот Јура: Доминион“ (Jurassic World: Dominion) до јуни 2022 година, соопшти студиото во вторникот.

Новиот филм за светот во кој доминираат диносаурисите е еден од најголемите долгоочекувани хитови во киносалите што се одложува во услови на глобална здравствена криза предизвикана од коронавирусот.

Водечките улоги ги толкуваат Крис Прат и Брајс Далас Хауард

Холивудските студија ги менуваат датумите на излегување на новите блокбастери, во период кога филмската индустрија се обидува да се опорави од затворањето на киносалите ширум светот во март.

Треба да знаете
Последни објави