Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” денеска ќе го организираат традиционалниот настан Speech4Teachers.
– Со овој настан сакаме да го одбележиме Меѓународниот ден на учителот и
преку обраќањата на неколку образовни експерти, практичари и креатори на образовни
политики, да проговориме за улогата на учителите во образованието и развојот на децата, соопштија организаторите.
Најавени се обраќања на министерката за образование и наука Мила Царовска, Фани Каранфилова-Пановска – извршна директорка на ФООМ, Сузана Киранџиска – извршна директорка на Фондацијата „Чекор по чекор”, универзитетскиот професор Зоран Велковски, директори, професори и наставници од средни и основни училишта во земјава.
Настанот е дел од проектот „Образование на помалите етнички заедници” чијшто носител е Фондацијата Отворено општество – Македонија.