Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и прв стрелец во државниот дрес Горан Пандев во Џенова каде настапува за истоимениот калчолигаш мина тешки денови во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Во клубот кој замина во карантин имаа дури 22 заразени од вирусот. Поради тоа висеше и мдоаѓањето на Пандев за утрешниот дуел со Косово.
-Што сум тука и ќе настапам за државниот тим најзаслужни се селекторот, секретарот Бојан Марковски , федерацијата, македонска амбасада во Италија, како и луѓето во мојот клуб, а посбно лекарот кој и сам беше инфициран од вирусот. Сите во клубот знаеа што ми значи овој натпревар, затоа и ми помогнаа да допатувам. Сакам да испратам и порака до некои луѓе кои не испратија ниту порака да прашаат како е Горан, ќе игра ли на овој натпревар, зафатен беа со градење терени… Сепак, сега тоа да го оставиме на страна, вели капитенот, кој признава дека не е во најдобра физичка подготвка бидејќи пристигна без тренинзи поради карантинот кој го има во својот клуб, па неизвесно е колку врмее ќе помине на теренот.