Рекордни 436 инфицирани лица со коронавирусот во Бугарија

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 436 ново заразени лица од коронавирусот. Починале осум лица.

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот кај источниот сосед се евидентирани 22.306 заразени, а починати се 862 лица.

Во Бугарија е задолжително носење на заштитни маски во затворен простор како и почитување на мерките за одржување на физичка дистанца. Владата во оваа земја не планира да воведува построги здравствено-безбедносни мерки.

 

Треба да знаете
Последни објави