Тинејџерската сензација Свјатек се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос

Полската тинејџерска сензација Ига Свјатек се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос по победата над Мартина Тревисан со 6:3 и 6:1. 19-годишната Свјатек е првата полска тенисерка во Опен ерата која стигнала до полуфиналето на Ролан Гарос и втората севкупно по Јадвига Једзејовска во далечната 1939 година.

Во полуфиналето Свјатек ќе игра со уште една сензација – Подороска која исто така направи подвиг на овој турнир и избори пласман во првото свое полуфинале на еден Грен слем турнир.

На патот до  полуфиналето Свјатек покрај Тревисан елиминира две големи имиња на женскиот тенис Симона Халеп и Еугени Бушар, а пред нив Хсиен и Вондрусова.

Треба да знаете
Последни објави