Алтернативните производи – трета опција за намалување на штетите од тутунот

Пушењето цигари претставува глобален проблем од кој директно се засегнати околу една милијарда пушачи, но и огромен број непушачи кои се наоѓаат во нивна непосредна близина. Досега односот и ставот кон контролата на употреба на тутун на светско ниво се базира на принципот на откажување од пушењето, кој сепак не се покажа како многу ефективен. Што ако постои и трета опција за пушачите кои не сакаат или не можат да се откажат од тутунот, а која носи бенефит и за нив и за нивното опкружување?

Ова беше и тема на третото издание на неодамна одржаниот Научен самит за намалување на штетите од тутунот на тема: Нови производи, истражување и регулација. На овој онлајн настан учество земаа 49 спикери од 26 земји, од 5 континенти. Во текот на двата дена во кои се одржуваше настанот, огромно внимание беше посветено на намалување на штетите со помош на новите и иновативни тутунски алтернативи, како и глобалните напори за нивно прифаќање од земјите и релевантните организации одговорни за заштита на здравјето и потрошувачите, кои сѐ уште одбираат да ги игнорираат фактите кои стојат зад тутунските алтернативи.

Бројни презентации и податоци беа изнесени на форумот од страна на доктори, научници, експерти, претставници на граѓански здруженија во врска со важноста на алтернативните тутунски производи, информирање за нивните предности, нивно вклучување во државните регулативи, но пред сѐ запознавање на самите пушачи со тутунските алтернативи како можност за подобар избор.

Д-р Мајкл Тумбис ги презентираше неодамнешните податоци за контрола на тутунот и напредокот на контрола на тутунот, посочувајќи дека иако FTCT (Рамковна конвенција за контрола на тутун) на СЗО обезбедува сеопфатна стратегија за борба против епидемијата на тутун и утврдува широк спектар на мерки засновани на докази за да се намали побарувачката и понудата на тутун, за жал, не постои стратегија за намалување на штетата, освен терапија за замена на никотинот.Според него, пристапот на намален ризик може да ги надополни докажаните тековни напори за превенција и престанок со пушење. Можноста зависи од изнаоѓање на соодветна рамнотежа помеѓу безбедноста на производот, привлечноста за пушачите и регулативата насочена кон намалување на употребата на конвенционални производи од согорлив тутун.

Намалувањето на ризикот е пристап кон контрола на тутунот базиран на докази, кој, заедно со другите докажани интервенции за контрола на тутунот, може истовремено да спречи младите да почнат да пушат и да им помогнат на сегашните пушачи да престанат, спасувајќи многу животи побрзо“, заклучи д-р Тумбис.

Професорот Дејвид Кајат во своето излагање се обиде да одговори на прашањето дали може научната и медицинската заедница да ги натера креаторите на политиките да ги преиспитаат стратегиите за контрола на тутунот?“ Тој ја истакна важноста на докторите и нивното искуство од прва рака со пациентите кои се жртви на негативните ефекти од традиционалните цигари и нивните секојдневни борби за помош.

Прашањето дали иновациите за намалувањето на ризикот можат да спасат животи е многу важно, бидејќи на крајот на денот лекарите сакаат да спасат животи, животите на своите пациенти“, рече проф. Кајат.

Примери од разни земји покажуваат дека иновациите можат да помогнат, додаде тој. Во Шведска, каде пушачите добија можност за избор и оние кои преминаа од пушење цигари на снуз, има огромно намалување на бројот на пушачи и значително намалување на смртноста поврзана со пушење (најниско во ЕУ).

Земјите со најмал број на испушени цигари имаат нешто заедничко, тие прифатија стратегии за намалување на ризикот од тутун“, рече тој.

Кристел Хазиза, директор за здравствена наука и биостатистика при Филип Морис Интернешнал ги презентираше резултатите од студијата за спроведеното истражување во кое возрасни здрави пушачи кои не биле подготвени да се откажат од цигарите биле поделени во 2 групи и во период од 12 месеци едната група група била изложена на систем за загревање на тутунот, а другата на цигари. Најмалку 40% од ефектот на откажување од пушење е зачуван кај 5 од 8 биомаркери на потенцијална штета кај пушачите кои се префрлиле на системот за загревање на тутун. Повеќе од 66% од ефектот на откажување е зачуван за: HDL-C, бели крвни клетки, FEV1, карбоксихемоглобин, вкупен 4- (метилнитрозамино) -1- (3-пиридил) -1-бутанол, 8-епи-простагландин F2α; s-меѓуклеточна молекула на адхезија-1.

Овој ефект обезбедува дополнителни докази дека системот за загревање на тутун потенцијално го намалува ризикот од развој на болести поврзани со пушењето кај пушачите кои инаку би продолжиле со пушењето.

Џон Тимис, научен соработник на Универзитетот во Атина, ги претстави резултатите од студијата на истражувачите од Националниот и Каподистриски универзитет во Атина и Империјал колеџ, Лондон, Велика Британија, за диференцијалните ефекти на системот за загревање на тутунот и конвенционалните цигари врз срцевиот крвоток, миокардна и васкуларната функција.

Студијата ги испитала ефектите на системот за загревање на тутунот врз функцијата на ендотелот, артериската крутост, деформацијата на миокардот, оксидативниот стрес, активирањето на тромбоцитите во акутен контекст и по 1 месец од преминувањето на системот за загревање на тутунот во споредба со традиционалните, согорливи цигари. Во споредба со почетната состојба, пушењето согорливи цигари акутно го зголемило нивото на издишаниот CO и другите биомаркери, додека по употреба на системот за загревање на тутунот не биле забележани промени. Во споредба со продолжување на пушењето цигари, префрлувањето во времетраење од 1 месец покажува подобрен CO и тромбоксан Б2. Како заклучок, системот за загревање на тутунот влијае помалку штетно врз васкуларната и срцевата функција отколку согорливите цигари.

„Ако некој не може да се откаже од пушењето, треба да се охрабри да користи каква било алатка што е достапна за да се намали ризикот по неговото здравје. Точно е дека производите за намалување на ризикот од тутун се нови, а нивната долгорочна безбедност сè уште не е позната, но факт е дека тие ослободуваат пониско ниво на штетни материи во споредба со согорливите цигари. Секако, овие производи треба да се користат како алатка за да им се помогне на луѓето да престанат да пушат, а не како замена за согорливи цигари “, вели д-р Мајкл Тумбис, претседател на Кипарскиот институт за респираторни заболувања. За жал, СЗО и FCTC сè уште не ги усвојуваат производите за намалување на ризик, заклучи тој, и научниците треба да работат кон оваа насока.

На самитот беше објавено и основањето на Меѓународната асоцијација за контрола на пушењето и намалување на штетите (SCHORE). Четириесет научници од 21 земја: Аргентина, Австрија, Бразил, Бугарија, Канада, Хрватска, Кипар, Грција, Италија, Јордан, Литванија, Малезија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Јужна Африка, Шпанија, Тунис, Велика Британија гласаа и ја одобрија Декларацијата формулирана од основачите на здружението.

На македонскиот пазар достапна и признаена алтернатива на традиционалните согорливи цигари се IQOS уредите кои содржат технологија на загревање на тутунот, поточно патентираната Heat Control® технологија. Постојат бројни истражувања и докази кои укажуваат дека IQOS има значително пониско ниво на штетни материи во аеросолот кој го испушта уредот, споредено со чадот од цигарите, дури и до 98% намалување.

 

Треба да знаете
Последни објави