Бајден: Следната дебата треба да ја одложиме, ако Трамп се уште има коронавирус

Демократскиот претседателски кандидат, Џо Бајден смета дека треба да се откаже изборната дебата со претседателоит на САД, Доналд Трамп, ако тој уште е заразен.

Дебатата, која ќе биде втора по ред, треба да се одржи на 15 октомври, но целокупниот процес на американските претседателски избори е ставен во некој вид вонреден облик, зошто Трамп беше тестиран позитивно на коронавирус, поради што неколку дена беше во болница.

„ Ако се уште има коронавирус, не би требало да ја водиме дебатата“ рекол Бајден.

Тој навел дека не знае каков е моментално статусот на Трамп, а дека дебатата на 15 октомври треба да се одржи во согласност со строгите здравствени препораки.

„ Се радувам што ќе можам да водам дебата со него, но само се надевам дека ќе се почитуваат протоколите“ нагласил Бајден.

Американските медиуми пренесуваат дека тимот на Бајден е ставен во целосна подготвеност за да нивниот кандидат за претседател не се зарази со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави