Бухова: По епидемиолошките анкети ќе се знае бројот на ученици во излоација 

Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов пристигаат податоци од училиштата во кои има по еден позитивен наставник, а после епидемиолошката анкета ќе се знае колку ученици ќе бидат во изолација, истакна денеска директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова Бухова на заедничката прес-конференција во Владата. 

Според неа, во моментов една наставничка е позитивна од одделенијата од прво до трето и една од вишите одделенија. 

Бухова информираше дека  до сега ДСЗИ има направено 544 вонредни инспекциски надзори низ основните и средните училипта на целата  територијата во државава и дека се изречени  54 решенија издадени во однос на недоволна санитарна, техничка безбедност во нив.

Треба да знаете
Последни објави