(Видео) Министерот за надворешни работи на ОАЕ го посети Меморијалот на холокаустот во Берлин

Израелска и делегација на ОАЕ во вторникот го посетија Меморијалот на холокаустот во центарот на Берлин на историската прва средба меѓу новите сојузнци на ниво на министри за надворешни работи, пренесува „Тајмс оф Израел“

Габи Ашкенази и неговиот колега од Емиратите, Абдулах бин Зајед ал-Нахајан, му се придружија на германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас за да разговараат за зајакнување на трговијата, туризмот и безбедноста меѓу нациите од Блискиот Исток. На предлог на Ал-Нахајан, дипломатите застанаа кај споменикот.

„Цела група од човештвото стана жртва на оние кои повикуваат на екстремизам и на омраза. Посетата ја нагласи важноста на човечките вредности како што се соживотот, толеранцијата и прифаќањето на другите … како и почитувањето на сите религии и вери. Ова се вредностите врз кои е основана мојата земја.Ги поздравувам душите на оние кои станаа жртви на холокаустот “, напиша Ал-Нахјан во книгата на посетителите на оваа локација.

Тој продолжи да цитира една еврејска молитва преведена на арапски јазик: „Нека им бидат врзани душите во животот“.

„Никогаш повеќе“, напиша тој, и на англиски и на арапски јазик.

Ашкенази рече дека состанокот го симболизира почетокот на новата ера.

„Ера на мир меѓу народите. Нашиот заеднички потпис во книгата за сеќавање е како заеднички крик и заклетва: да се сеќаваме и да не забораваме, да бидеме силни и да ветиме ‘никогаш повеќе’. “

Според Министерството за надворешни работи на Израел, Маас му кажал на Ал-Нахајан дека Ашкенази е дете на преживеани од холокаустот.

„Министер на ОАЕ беше изненаден кога го слушна ова и сакаше да дознае повеќе. Министерот Ашкенази му раскажа за своите корени и за неговиот татко кој преживеал работнички логор во Бугарија во 1944 година и за неговата имиграција во Израел“, велат од Министерството.

Маас подоцна на мировната конференција рече дека нивната подготвеност да се сретнат во Берлин и заедно да го посетат споменикот на холокаустот покажува колку се сериозни во нивните напори за добри билатерални односи.

Треба да знаете
Последни објави