Сите угостителски објекти во Србија од утре ќе работат до 23 часот, без разлика дали имаат летни тераси или не. Оваа мерка на Кризниот штаб на Србија, ја соопшти епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, е донесена поради влошената ситуацијата со пандемијата.
Најавена е седница на Кризниот штаб за денеска во 15 часот, на која е можно да се усвојат и нови рестриктивни мерки.



