Имаме политичка волја за цврсти реформи, со целиот ризик, најавивме 20% намалување на администрацијата, тоа значи кратење на непродуктивни трошоци за да може да помагаме на економијата преку капитални инвестиции, нагласи премиерот Зоран Заев во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија.
Реформите во државата мора да случат, но мора да се промениме сите, Европа ќе не стави во редот но рефоrмите во најголем дел зависат од сите нас. Сите сакаме швајцарски плати, ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мора да го промениме сите, рече Заев.
Тој додаде дека реформскиот процес продолжува во државата од секој можен аспект, од владеење на правото, заради тоа што е значајно за економијата, до реформите во образовнието, мора продуцираат квалификувана работна сила, што е голем проблем во општеството, но комплетни реформи мора да се случат и во економијата и во структурата.
Колку понавремено го направиме ова преструктуриање, толку понапред ќе бидеме во целокупната компетитивност и борба со сите, рече Заев,