Месечен извештај на ХК за човекови права: Хронично болните оставени на (не)милост на вирусот

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска го објави месечниот извештај за човековите права. Според извештајот, хронично болните се оставени на (не)милост на вирусот, а дури 50 текстилни работнички во септември пријавиле прекршување на работничките права.

Како што соопштија од комитетот, мерките за превенција и заштита од коронавирусот престанале да важат со што хронично болните се оставени на (не)милост на вирусот, а постои и дискриминација врз основа на пол и род во Министерството за внатрешни работи, откако полициска службеничка била спречена да напредува на работното место. 

Во извештајот се застапени и темите за тортура и нехумано постапување каде е наведено дека постои неосновано лишување од слобода и примена на прекумерна сила и средства на присилба врз момче во Скопје.

Оттука, Хеслиншкиот комитет го осудува и бруталното постапување на полицијата и испраќа апел за недискриминаторски однос кон Ромите. Во извештајот се наведува дека се неопходни итни мерки за справување со говорот на омраза.

На следниот линк е месечниот извештај за човековите права за септември 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави