Мета: Моја цел е да го вратам легитимитетот на сите државни институции

Албанскиот претседател Илир Мета гостувајќи во емисијата „Темпора” на Ора њуз телевизија, порача дека негова цел како претседател е да го врати легитимитетот на сите државни институции.

Додаде дека „најмалку што може да го направи раководството на Социјалистиката партија е да биде на ниво на Рамиз Алија во 1991 година”, во врска со измените што ги направи и со политичкиот консензус.

-Моја цел да го вратам легитимитетот на сите државни институции. Доколку тие (владеачкото мнозинство) продолжат со упорност на овој пат, единствениот начин што им преостанува на Албанците е да гарантираат по секоја цена уривање со демократски глас и со какво било легитимно средство против оваа хунта. Секоја победа на трет мандат на овој начин, е казна за Албанија не само следниот, туку и до изборите по четири години, иако се сомневам дека дотогаш ќе остане некој во земјата. Ова е моментот да размислиме. Барем раководството на СП да биде на ниво на Рамиз Алија во 1991 година,изјави Мета.

Предвидува најголема масовност на парламентарните изборите на 25 април следната година,на кои ,како што вели „албанските емигранти од Италија ќе дојдат ако треба и со пливање”.

-Одѕивот на изборите на 25 април ќе биде најголем во историјата. Со пливање ќе дојдат од Италија. Ќе дојдат пеш од Грција. Ако не се почитува договорот од 5 јуни, со она што го направија, со усвојувањето на измените на договорот, тоа ќе биде референдум, а не избори. Претседателот ќе биде не чело на народот. Или ќе има 5 јуни или референдум. Започнува ерата на референдуми во Албанија. Уставот меже да го смени само народот на референдум а не со кулиси,рече Мета.

Обвинувајќи го премиерот Рама,чија партија е на власт осум години, вели дека пред 20 години позицијата на Албанците во регионот била позитивна, додека на Србија доста проблематична.

-Но, оваа земја отвори неколку поглавја, додека нашата земја треба да почека. Албанија беше прва во однос на интеграцијата, додека Србија и Црна Гора не постоеја во овој процес. Денес тие отворија многу поглавја. За нас не станува збор и ако ренесансата(слоган на изборната коалција предводена од СП) победи дури и по четири години би очекувале да бидат поставени други услови,оценува Мета.

Треба да знаете
Последни објави