Утре во Скопје (20:45 часот) ќе се игра долго очекуваниот натпреавр меѓу Македонија и Косово што е во рамките на разигрувањето од фудбалската Лига на нации. Победникот ќе има историска прилика да стигне на чекор до завршницата од ЕП-2020, кое е поместена за идната година.
Поранешниот фудбалски репрезентативец, Игор Митревски е оптимист и верува дека Македонија на терен ќе покажеме дека е подобр состав. Митревски смета дека „црвено-жолтите“ можат и мораат да ја искористиме оваа шанса за да стигнат до прво учество на една завршница по 27 години настапи во квалифиакциите за големите натпреварувања ЕП и СП.
-Не знам зошто се крена толку голема фама околу овој натпревар. Не фаворит, туку 100 проценти за мене Македонија е подбар ривал. Сепак играме проив 161 селекција на ранг листата. Играме на домашен терен, имаме подобар состав, воиграна репрезентација и очекувам добар натпревар. Мораме да ја искористиме оваа шанса – порачува Митревски во пресрет на утрешниот натпреавр која ќе се игра без присуство на гледачи поради здравствено- безбедносните протоколи кои ги наметна пандемијата од коронавирусот.