Натпреварот Македонија – Косово ќе биде дирекно пренесуван и на МТВ

Утрешниот полуфинален натпревар од фудбалската Лига на нации во Скопје (20.45 ч.) меѓу Македонија и Косово поради пандемијата предизвикана од коронавирусот ќе се игра без присуство на гледачи.

Сепак љубителите на фудбалот оваа пресметка на соседите од арената „Тодор Проески“ ќе можат да ја проследат со посредство на тв-камерите. Директен пренос е обезбеден на МТВ 1 и МТВ 3.

Директен ТВ пренос ќе има и на Спорт Клуб 3 исто така со коментар на македонски јазик.

 

Треба да знаете
Последни објави