Повеќето реки под октомврискиот просек

И покрај врнежите што ја зафатија земјава, нивото на реката Вардар кај Јегуновце е далеку под просекот за октомври. Денешните хидролошки мерења поажуваат дека Вардар е намален и кај Скопје, Велес и Демир Капија.

Под просечното ниво се и скоро сите останати реки, дури некои се и преполовени. Нешто повисока вредност од октомврскиот просек е измерена само на Пчиња кај Катлановска Бања, додека Пчиња кај пелинце е во рамки на просекот.

Треба да знаете
Последни објави