Почина Џони Неш, автор на хитот „I Can See Clearly Now“

Американскиот пејач Џони Неш, познат по неговиот реге-хит во 1972 година, „I Can See Clearly Now“, почина на 80-годишна возраст, рече неговиот син Џон Неш Трети.

Неш почина од природна смрт во неговиот дом во вторникот, изјави Џон Неш Трети за веб-страницата на славните ТМЗ и за локалната ТВ-станица во Лос Анџелес.

„Тој беше прекрасен татко и семеен човек. Тој ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостасува во нашата заедница. Семејството за него беше сè“, изјави синот на Неш за ТМЗ.

Хитот „I Can See Clearly Now“ беше објавен во 1972 година и четири недели беше на врвот на Билборд хот 100 листата на најпопуларни синглови, објавувани неделно од магазинот Билборд во САД.

Песната стана хит и во Канада, Велика Британија и Јужна Африка.

Неш е роден на 19 август 1940 година во Хјустон, Тексас и ја започна својата кариера кон крајот на 1950-тите како пејач и актер.

Во средината на шеесеттите се пресели во Јамајка каде што беше под влијание на реге-музиката.

Тој исто така беше еден од првите не-јамајкански пејачи што снимил реге музика во Јамајка.

Неговиот последен студиски албум „Here Again“ беше објавен во 1986 година.

Треба да знаете
Последни објави