Приведено лице од Скопје за учество во странска војска

На 06.10.2020 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација со други служби на МВР, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле И.Т.(24) од Скопје, за истрага со определена мерка притвор во траење од 30 дена, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ по член 322-а став 3 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправна установа.

Треба да знаете
Последни објави