Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 436 ново заразени лица од коронавирусот. Починале осум лица.
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот кај источниот сосед се евидентирани 22.306 заразени, а починати се 862 лица.
Бројот на заразените лица со коронавирусот во земјата почна да се зголемува од крајот на септември, пренесува Ројтерс.
Во Бугарија е задолжително носење на заштитни маски во затворен простор како и почитување на мерките за одржување на физичка дистанца. Владата во оваа земја не планира да воведува построги здравствено-безбедносни мерки.