Суперлигашки ракомет ќе се игра повторно од 16 октомври. Ракометната федерација на Македонија ги извести клубовите дека планот за продолжување на натпревари би требало да се реализира следната седмица.
Екипите во највисокиот натпреварувачки ранг кои се поделени во две конкуренции имаа различен период за пауза со оглед дека коронавирусот прво се појави во групата А каде првите случаи ги пријави Голден Арт КЛ7. Овде паузата беше три недели. Една семица покусо во застој е групата Б. Очекувањата се дека екипите претстојниов викенд ќе се вратат на тренинзи и ќе имаат време да се подготват за најавениот ре-старт на сезоната.