Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Посебно се препорачува внимателно возење на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев.

На магистралниот пат А2, патен правец Струга – граничен премин Ќафасан (поточно од бензиската пумпа на Окта до село Франгово, Јавното претпријатие „Македонијапат” (подружница Струга) почнувајќи од денеска, во наредните четири дена ќе изведува работи на пат (асфалтирање). На местото ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Според АМСМ, на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави