Сопругата на Нетанјаху дома викнала фризерка – мислела дека мерките не важат за влијателни личности

Сара Нетанјаху, сопруга на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повикала фризер во нејзиниот дом во Ерусалим, кршејќи ги строгите карантински мерки воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, јави ДПА, повикувајќи се на израелски дневен весник.

Прекршувањето на мерките го потврдил и портпаролот на семејството Нетанјаху.

Според него, Сара Нетанјаху била убедена дека како јавна личност, која снимала видео во кое повикува на носење маски, и е дозволено да ја користи споменатата услуга.

Според карантинските мерки во земјата, фризерските салони се затворени и на луѓето не им е дозволено да посетуваат туѓи домови, освен доколку на некои лица не им е потребна итна помош.

„Бидејќи госпоѓа Нетанјаху е влијателна јавна личност и се работеше за информативно видео за јавноста, таа претпоставила дека може да користи фризерски услуги, како што е вообичаено пред телевизиските емисии“, објаснил портпаролот, истакнувајќи дека и Сара Нетанјаху и фризерката носеле маски и ракавици.

Вториот општ карантин во Израел стапи на сила на 18. септември, по големиот скок на бројот на заразени.

Треба да знаете
Последни објави