Стотици музичари свиреа пред парламентот во Лондон

Ансамбл музичари фриленсери, составен од 400 членови, во вторникот одржа протестен концерт пред парламентот во Лондон за да ја истакне тешката состојба во која се наоѓа музичката индустрија среде пандемија.

Диригентот Дејвид Хил ги предводеше изведувачите во краток сегмент на „Марс“ од Холстовите „Планети“, пред присутните да замолчат две минути.

Истовремен протест се одржа пред Симфониската сала во Бирмингем.

Настаните се осмислени со цел да се направи притисок врз владата да им даде поголема поддршка на самовработените уметници.

Виолинистите Никола Бенедети и Тамсин Литл, како и организаторот на „Гластонбјури“, Емили Евис, исто така присуствуваа во знак на поддршка на изведувачите и постираа снимки на социјалните мрежи.

Настаните беа организирани од кампањата Let Music Live и поддржани од синдикатот на музичари, кој претставува повеќе од 32.000 изведувачи во Велика Британија.

Синдикатот тврди дека 70% од неговите членови изгубиле повеќе од три четвртини од редовната работа за време на самоизолацијата, а многумина се соочуваат со финансиски тешкотии.

Треба да знаете
Последни објави