Улицата „Мариовска” во Кисле Вода денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај

Улицата „Мариовска”, на потегот од маркетот „Томи” до крстосницата со „Кавалска”, денеска и утре, поради изведба на градежни работи ќе биде затворена за сообраќај, информираат од Општина Кисела Вода.

 -За жителите на населбата Пржино кои улицата ја користат во насока на движење кон Центар и Кисела Вода, сообраќајот ќе се одвива по улицата „Наум Охридски”. Жителите од урбаната заедница „Кисела Вода”, за сообраќај може да ги користат улиците „Димо Хаџи Димов”, „Марко Орешковиќ” и „Ѓорги Димитров”, посочуваат од општината.

Треба да знаете
Последни објави