Францускиот печат за Извештајот на ЕК: Проширување на ЕУ – наскоро 29

 Најновиот извештај на Европската комисија претставен вчера во Брисел, не најде на големо ехо во денешниот француски печат, сепак има неколку статии, анализи и објаснувања за состојбата со проширувањето на ЕУ, јави дописникот на МИА.

Веб порталот на младите европјани –„Торијон” насловува  „Проширување на ЕУ – наскоро 29″, нагласувајќи уште на почетокот дека „Како што напредуваа различните бранови на проширување на ЕУ, наведената цел одговараше на обидот за обединување на европскиот континент, оваа политика покренува прашања и загрижености за нејзините крајни цели и корист.”

Според „Торијон”, унгарскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји има тешка задача: тој мора да успее во спроведувањето на политиката на проширување на ЕУ.

Тековната цел е навистина да се продолжи со проширувањето на Европската унија со тоа што ќе се отвори за извесен број на земји. Така, пет земји се кандидати за влез во Европската унија: Црна Гора, Србија, Турција, Албанија и Северна Македонија. Последните две земји со кои ЕУ одлучи да ги отвори преговорите се Албанија и Северна Македонија. Францускиот претседател Емануел Макрон првично изгледаше дека сака да се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со овие две земји, но конечно се предомисли откако доби измена од Процедури на ЕУ за проценка на апликациите од земјите-членки.

Северна Македонија, според „Торијон” покажа добра волја за влез во ЕУ. Таа, всушност, се обиде да ги реши своите разлики со Грција, особено со промена на името на  земјата и со додавање на географската ознака „Северна” покрај Македонија, за да го разликува од грчкиот регион Македонија.

Сегашните времиња бараат презентирање на јасен европски проект за идните проширувања на ЕУ. Инаку, според „Торијон” европскиот проект, кој има слаба поддршка во рамките на европското јавно мислење, ризикува се повеќе и повеќе да напредува со тешкотии, па дури и во најлош случај да не успее, што би било катастрофа за иднината на европските народи. Но, ништо одржливо не може да се изгради без одобрение од народите во Европа. Ако ЕУ сака да влијае на светските работи во 21 век, важно е да се разјасни целта на европскиот проект.

Во врска со иднината на овие европски проширувања, важно да се разгледа апликацијата за членство на земјите од Балканот што произлегуваат од поранешна Југославија, кои остануваат целосно европски. 

„Зонбурс” ја пренесува изјавата на Жозеп Борел, високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, „Граѓаните на Западен Балкан се дел од Европа и и припаѓаат на Европската унија. Извештаите презентирани денес за пакетот „проширување” претставуваат ригорозна проценка која го поставува патот кој треба да се следи, потенцирајќи ги постигнатите резултати и областите каде треба да се направат значителни напори “.

Од „Зонбурс” е пренесена и изјавата на Оливер Вархеји, европскиот комесар за соседство и проширување: „Откако оваа Комисија стапи на должност, мојата цел беше да нашите партнери од Западен Балкан и нашите земји-членки ја повратат довербата во процесот на пристапување. Ригорозните, но фер проценки што ги презентираме денес детално го опишуваат напредокот на реформите на земјите, притоа обезбедувајќи појасни насоки и препораки за следните чекори. Динамичното спроведување ќе го забрза нивниот напредок на патот кон ЕУ и ќе донесе трајни резултати. Во исто време, презентиравме економски и инвестициски план насочен кон зајакнување на нивното долгорочно закрепнување и забрзување на нивната економска конвергенција со ЕУ “.

Во случајот на Албанија и Северна Македонија, според „Зонбурс” Комисијата нетпрение ги очекува првите меѓувладини конференции, кои ќе бидат организирани што е можно побрзо по усвојувањето на рамките за преговори од страна на Советот. Комисијата, исто така, го потврди натамошниот напредок во спроведувањето на реформите во Албанија и Северна Македонија. Притоа веб порталот додава дека Комисијата усвои и сеопфатен економски и инвестициски план за Западен Балкан кој има за цел да го стимулира долгорочното економско закрепнување на регионот, да поддржи зелена и дигитална транзиција, да ја зајакне регионалната економска соработка, да ги поттикне економски раст и поддршка на реформите што се потребни за да се придвижи напред на патот кон членството во ЕУ.

За „ЛибреБе” Европската Унија има план за да го укотви Балканот, но патот кон членството се уште е долг.

Во коментарот на луксембуршкиот „Котидиен”  насловен „Игра на трпеливост” се нагласува дека Европската унија го продолжувасвојот сон за обединување на сите земји на континентот. Денес Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Република Северна Македонија и Црна Гора работат за членството во Унијата. Но, патот ќе биде долг.”

-Балканот беше обележан со војните што се случуваа за време на распадот на Југославија во текот на 90-тите години. Дваесет години подоцна, оружјата замолкнаа, но недовербата понекогаш е силна помеѓу различните заедници Но, Европската унија го има барем тој талент: здружување на поранешните противници, на поранешните „наследни” непријатели, за промовирање на заедничка мирна судбина. Земјите основачи стигнаа таму пред повеќе од 60 години. Тешкотијата ќе биде голема за овие земји-кандидати, но надежта дека можат да стигнат таму е многу жива.

За жал, констатира „Котидиен” ова проширување кон Балканот загрижува и во рамките на Унијата. Уште постоечките меѓуетнички тензии, криминалот, прекумерната сиромаштија, политички немири … Некои земји веруваат дека Европската унија се движи пребрзо во овој регион. Пред една година, Франција дури рече „не” за отворање на преговорите за пристапување кон Европската унија на Албанија и Северна Македонија на 18 октомври 2019 година. Со што беа туширани надежите на сите останатите земји.

Весникот на француски јазик од Луксембург, понатаму додава дека „Се креваат и други гласови кои покажуваат со прст кон релативниот неуспех на проширувањето на истокот од Европската унија. Земји како Полска и Унгарија покажаа мала солидарност за време на мигрантската криза. А што е со предупредувањата издадени од Брисел до Варшава и Будимпешта во врска со почитувањето на владеењето на правото? ЕУ сакаше да оди премногу брзо со Источна Европа, можеби тоа треба да потрае малку повеќе време со земјите од Западен Балкан за да се избегнат нови недоразбирања и нови кризи.”

„Ле Соар” насловува „ЕУ: во потрага по изгубеното време на Балканот” притоа тој се задржува на финансискиот пакет на ЕУ за земјите од Западен Балкан, за да се надополни нивната  економската неразвиеност, која тлее пред портите на ЕУ.
Треба да знаете
Последни објави