Царовска: Има уште пет наставници низ земјава заболени со ковид но тие држеле онлајн настава

Откако беше потврдено дека една наставничка од основното училиште „Гоце Делчев“ во скопски Центар е заболена од Ковид-19, а учениците од нејзиното одделение се во изолација, министерката за образование и наука Мила Царовска, за „Независен“ рекла дека тоа е единствен случај.

– На ниво на држава ова е единствениот случај каде имаме ученици во изолација – рече Царовска.

Според министерката за образование и наука, има уште пет наставници во цела Македонија позитивни на Ковид-19, но тие држеле онлајн настава и не се ризик за учениците.

Таа потврди дека прават сѐ што е во нивна моќ состојбата да ја контролираат и да нема ширење на болеста во школскиот систем.

Треба да знаете
Последни објави