Шеланде: Косово како нација и како фудбалска сила покажала дека може да се справи со тешки ситуации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Косово, Бернард Шаланде на денешната прес-конференција пред дуелот со Македонија утревечер, во полуфиналниот бараж за пласман на ЕП 2020 на националната Арена „Тодор Проески” во 20.45 часот, изјави дека неговата репрезентација е на чекор до остварување на сонот и дека без оглед на сите проблеми со отсуствата може да се справат со тешката ситуација.

– Ние не сме без проблеми, но Косово како нација и како фудбалска сила покажала дека може да се справи со тешки ситуации. Во една ваква ситуација ако селекторот е песимист и ако се жали, треба да ја смени професијата, изјави Шаланде, кој во Скопје пристигна без капитенот Амир Рахмани, фудбалерот за врска Милот Рашица, напаѓачот Ведат Муричи, а ќе недостасуваат и Крејзиу и Воца.

Тој посочи дека Македонија е добра репрезентација која заслужува респект.

– Ги гледав сите натпревари на Македонија во квалификацискиот циклус. Добри се, сакаат да имаат посед на топка, играат добар фудбал и компактен тим се, вели Шаланде.

Треба да знаете
Последни објави