Кумановецот Б.И. е бездомникот позитивен на Ковид 19 кој вчера избегал од болницата „8 Септември“. Како што објави „Сител“, пациентот се маскирал во доктор и избегал од болница. Ваков план скроил, кога почнала да му се подобрува здравствената состојба. Првиот човек на болницата вели дека последните денови пацинетот бил вознемирен и недисциплиниран.
-На 06.10.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот се оддалечил пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници Б.И. околу 02.00 часот бил пронајден и вратен во болницата, велат од МВР.
Пациентот бил пронајден 5 часа подоцна во близина на болницата и е во добра здравствена сосотојба. Откако ќе му заврши лекувањето треба да го превземат социјалните служби. Ова е прв пациент со Ковид кој избегал од болница, во земјава.