Пациент болен од ковид-19 синоќа побегнал од ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Директорот на болницата д-р Христијан Костов за „360 степени“ го потврди инцидентот. Вели дека станува збор за бездомно лице кое откако било потврдено дека е позитивно на вирусот, избегало од болницата. Од таму веднаш го пријавиле случајот во полиција и пациентот бил вратен во ковид-центарот.
Бездомникот е најден во лоша состојба и донесен со Брза помош. Стапено е во контакт со социјалните служби за да се обезбеди здравствено осигурување и документи за идентификација, со цел да му помогнеме да се лекува. После приемот направени се анализи и дијагностички процедури според протоколите за ковид-19. Направен е ПЦР тест и е потврден дека е позитивен на ковид-19. Испитани се белите дробови и се утврди ковид плевмонија. Веднаш после тоа го ставивме во делот за ковид позитивни пациенти и му е одредена терапија. Дежурниот лекар и медицинскиот персонал увидел дека пациентот бил доста немирен, шетал по одделот и повеќе пати бил предупреден и вратен во болничката соба, но вечерта околу 9 часот успеал да излезе од одделот и да ја напушти болницата. Дежурниот пероснал веднаш изреагирал и со известување до МВР пациентот е пронајден. Тој е вратен кај нас во болницата и е продолжено неговото лекување. Во моментов е во добра состојба“,вели Костов за „360 Степени“.