Британците типуваат победа од 2:1 за Македонија

Во пресрет на утрешниот меч полуфинален меч од фудбалската „Лига на нации“ меѓу Македонија и Косово во Скопје (20.45 ч.) прдност според анализите кои ги прави познатиот портал Спортсмоле од Велика Британија, предност има домаќинот. Со победа двете селекции ќе дојдат на само еден чекор од пласман на историска завршница на ЕП-2020, која поради пандемијата со коронавирусот е одложана за идната година и ќе се игра во 12 градови ширум Европа. Победникот од овој меч ќе му гостува на поуспешниот од другата полуфинална средба каде ќе се сретнат Грузија и Белорусија.

Британците предвидуваат дека Македонија ќе победи со 2:1.

Двете селекции имаат различен старт во новата сезона од „Лига на нации“. Но, тие резултати не толку значајни, кога станува збор за полуфинален меч од плеј – офот за пласман на ЕП 2020. Како што беше кажано, Косово ќе мора да настапи без неколкумина свои добро познати играчи. Тоа и носи предност на Македонија за која сметаме дека ќе победи и ќе се пласира во финалето од плеј – офот што ќе се игра на 12 ноември. Очекуваме победа на Македонија од 2:1, се вели во анализата.

И според обложувалниците Македонија е фаворит. За победа на „црвено-жолтите“ коефициентот е 2.45, но истиот е во пад, додека за  нерешено тој изнесува 3.10. За триумф на Косово коефициентот изнесува 3.00, но тој како наближува мечот се движи во нагорна линија.

Треба да знаете
Последни објави