Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах е познат по то што освен што воодушевува на теренот, многу ѝ помага на заедницата во која живее како и на луѓето во Египет.
„Тој е вистински суперхерој“, рекол Дејвид Крег, бездомник кој бил нападнат од група насилници кон крајот на минатиот месец.
Салах стоел на бензинска пумпа во близина на Енфилд, кога забележал неколку насилници како вербално малтретираат бездомник. Египќанецот се свртел, ѝ пришол на групата и ѝ рекол: „Вие можете да бидете на негово место за неколку години“.
„Мо е голема личност, токму како што е голем играч во својот тим. Тој слушна што ми зборуваат, се сврте, дојде до нив и им кажа да престанат. Тоа и го направија.Тоа се случи по натпреварот во кој Ливерпул славеше против Арсенал со 3:1 во домашното првенство. Сфатив дека не халуцинирам кога ми даде 100 фунти, заклучил Дејвид.
Салах е инаку добро познат и по својата хуманитарна работа, тој, помеѓу другото, финансирал изградба на медицински центар и училиште за девојчиња во Египет.
Mo Salah reportedly saw a group of lads abusing a homeless man so went over, stopped the abuse and told them it could be them one day.
He then withdrew £100 from the cash machine and handed it over to the homeless man.
What a guy 👏 pic.twitter.com/rjPDtPVxVi
— Footy Accumulators (@FootyAccums) October 7, 2020