Во последните 24 часа во соседна Србија повторно повисок број новозаразени, односно 121, додека еден пациент почина. Тестирани биле 6.700 на корона вирус.
Бројот на заразени со новиот вирус во Србија расте во последната недела, а вчера имаше 120 новозаболени, што беше најмногу од 27 август кога беа забележани 125 нови случаи.
Денеска, Кризниот штаб заседаваше и одлучи да заостри една мерка – сите угостителски објекти ќе може да работат само до 23 часот, вклучително и оние со градини и тераси. Досега можеа да работат до 1 часот по полноќ.