Двајца македонски боксери на „Загреб Гранд при 2020″

На сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гранд При” кој започнува од утре, 8 октомври и ќе трае до сабота ќе учествуваа двајца македонски боксери.

-Арсим Етеми (категорија 81 кг) и Лео Јовановски (категорија 75 кг) се претставниците на Македонија на рингот во Загреб. Во нашата делегација се уште и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски, соопшти Боксерската федерација на Македонија.

Организаторот на турнирот, покрај домашните и македонските боксери, очекува и натпреварувачи од Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан.

Треба да знаете
Последни објави