Еврокомесарот Оливер Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија.

Вархеји, како што е најавено, ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција.

Предвидено е еврокомесарот за проширување и добрососедство да се сретне и со претседателот на Парламентот Талат Џафер и да има обраќање пред пратниците во законодавниот дом.

Најавен е и работен ручек на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји со претседателот на државата Стево Пендаровски.

За време на престојот во земјава, Вархеји ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Еврокомесарот Оливер Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави