Извештајот на ЕК е признание за напредокот, остануваме силно посветени на реформскиот процес

Извештајот на Европската комисија го препознава и соодветно вреднува напредокот на Република Северна Македонија во клучните области важни за нашата интеграција во ЕУ.

Извештајот е признание за досега преземените реформски процеси кои обезбедуваат висок степен на усогласеност со европските стандарди.

Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата влада и новиот парламентарен состав.  

На овој начин се отвора простор за поефикасно планирање на неопходните ресурси и поголема мобилизација на сите потенцијали во реализација на конкретни резултати кои ќе донесат позитивна трансформација на целата држава.

Сето тоа е важно и во однос на подготовките на земјата за преговарачкиот процес , особено во овој период, кога го очекуваме одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ која треба да се одржи до крајот на годинава.

Извештајот дава јасна слика за состојбите во земјата. Во него се нотирани областите каде што е постигнат напредок, но и областите каде што треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди.

Во извештајот, наведено е дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво, како и дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство.

Меѓу другите, посебно се издвојуваат наодите во областа на фундаменталните вредности,  изборитевладеењето на правотосудството и борбата против корупцијата.

Ова, почитувани, е признание дека државата е на вистинскиот пат, но и мотив плус  да продолжи процесот на имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми.

СДСМ како државотворна и одговорна партија останува посветена на процесот на целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Како парламентарно мнозинство продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме на реформите кои се важни за граѓаните, важни за нашата европска иднина.

Треба да знаете
Последни објави