Кавани ќе дебитира за Манчестер јунајтед против ПСЖ

Уругвајскиот фудбалски интеранционалец Едисон Кавани кој му пристапи на англискиот Манчестер јунајтед, ќе почека да дебитира за тимот од „Олд Трафорд“. Првиот натпревар по репрезентативната пауза е закажан за 17. октомври на „Сент Џејмс Парк“, но Уругваецот ќе го пропушти гостувањето кај Њукасл.

Причината е тоа што ќе мора да помине 14 дена во карантин што е мерка против борбата со пандемијата. Откако му истече договорот Кавани не тренираше со екипата чиј првотимици редовно се тестираа, па системот како што објавија медиумите не го препознава како елитен спортист за кои важат посебни правила во однос на обичниот граѓанин. Освен тоа летниот одмор Кавани го помина на Ибица, слободно се шеташе и комуницираше со луѓе, па властите во Велика Британија прво мораат да се уверат дека нема опасност. Поради ваквата ситуација и неговите медицински прегледи беа направени во посебни услови.

Ова значи дека ако се биде во ред Кавани за Јунајтед ќе може да дебитира против францускиот ПСЖ од каде пристига во Манчестер како слободен играч. Овој меч од Лигата на шампионбите е закажан за 20. октомври.

Треба да знаете
Последни објави