Лајтхајзер: Трговскиот дефицит на САД во август изнесува 67 милијарди долари

Американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер изјави дека трговскиот дефицит на САД од 67,1 милијарди долари во август е највисок во последните 14 години, и дека е предизвикан од одлуката на претседателот Доналд Трамп за увоз на злато.

-Но, и покрај се, економијата се уште добро функционира, кажа тој.

Лајтхајзер изјави дека големиот трговски дефицит во август е резултат на „посилните перформанси на американската економија во екот на епидемијата на коронавирус” во споредба со економиите на земјите членки на Г7, седумте најразвиени земји во светот.

-Многу од нашите партнери посилно се погодени од ефектите на пандемијата отколку ние, рече Лајтхајмер.

Треба да знаете
Последни објави