Кога не пишува, не снима или не изведува некои од своите хитови на светската сцена, Лејди Гага работи напорно на сопствениот бренд веганска козметика Haus Laboratories (Хаус лаборатории).
Во вторникот, поп-ѕвездата и претприемач се огласи на нејзината страница на Инстаграм и сподели неколку фотографии на кои се гледа канцеларијата на нејзината компанија.
„Доцна ноќе во лаб … # стартување“, напиша таа во објавата. На фотографијата, 34-годишната Гага седи на крајот од долга маса во канцеларијата.
„Хаус лаборатории“ е нејзин бренд на веганска козметика што го промовираше во септември 2019 година.