,,Меѓународен Сојуз” се одложи по трет пат, Боки 13 на болничко лекување

Судењето за предметот „Меѓународен Сојуз”  денеска се одложи по трет пат. Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки13, кој моментално е на болничко лекување е причина за одложување на рочиштето.

Судијката Софче Гаврилова-Ефремова посочи дека добиле известување од КПУ-Скопје за обвинетиот Јовановски дека е на болничко лекување.

На почеток на месец септември обвинетиот Јовановски, по силни болки во желудникот неопходно било да му се изврши хируршка интервенција. Според неговата одбрана ова ситуација е како последица од несоодветната исхрана во затворот.

Следното рочиште за овој предмет е закажено за 28 октомври.

Во случајот „Меѓународен сојуз”, заедно со Јовановски обвинети се и Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама” и „перење пари”.

Треба да знаете
Последни објави