Милевски: Извлековме поука од првиот дуел со Казахстан во Скопје

Македонска фудбалска репрезентацијаза играчи до 21 година утре од 13 часот ќе му гостува на Казахстан во Алмати во натпревар од 6. квалифиакциска група за ЕП. Македонија со шест одиграни натпреаври е второпласирана со 10 бода, колку што има и утрешниот ривал Казахстан, но со еден натпревар повеќе одигран.

Затоа оваа пресметка ќе биде можеби решавачка во трката за второто место и продолжување на надежите за ново учество за оваа селекција, која веќе под водство на селекторот Благоја Милевски во 2017 година дебитираше на ЕП што се одржа во Полска. Милевски како стратег има прилика и со новата генерација на фудбалери да стигне до завршницата, доколку на крајот од квалификациите македонските надежи бидат меѓу петте најдобропласирани втори селекции од деветте квалифиакциски групи.

Пред една година во Скопје, избраниците на Милевски го надиграа Казахстан, ама не го победија  (1:1).

-Секој натпреавр ни е најбитен, така и овој со Казахстан. Секој меч има своја важност, најважно е сите да бидат спремни. На првиот меч со Казахстан бевме доминантни, за жал не ги искористивме шансите, поуката е извлечена, но не мора да значи дека ќе биде истиот меч и сега. Сепак, очекувам не многу различен меч, но пак ќе кажам дека се што ќе се случи на теренот многу ќе зависи и од нашето издание и ние како ќе изгледаме на терен, вели Милевски.

Селекторот беше приниден да напшрави две рокади во стандардниот состав поради пореди. Го нема на располагање напаѓачот Милан Ристовски, кој го очекува подолга пауза после скршеницата на зглобот на тренинг за Риека, како и фудбалерот од Жилина, Енис Фазлагиќ кој има проблем со коленото.

 

Треба да знаете
Последни објави