Рускиот опозиционер Алексеј Навални остро го нападна поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, тврдејќи дека е платен од претседателот на Русија.
„ Шредер го плаќа Путин. Но кога сега се обидува да го негира нападот со отров врз мене, тогаш тоа е многу разочарувачки“ рекол Навални за германскиот дневник „Билд“.
Шредер неодамна изјави дека не постојат сигурни докази за нападот со отров на Навални, додека германската влада потврди дека се работи за напад со отров од групата новичок.
„Шредер е некогашен канцелар на најмоќната земја во Европа. Сега е само потрчко на Путин, кој штити убијци“ нагласил Навални.