Оваа седмица, Општина Кисела Вода на својата територија ќе стартува со активности за спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.
Во петок, тим од обучени работници на Општината, во населбата и селото Драчево, ќе вршат дезинфекција на улиците и тротоарите, на урбаната опрема во парковите, на автобуските постојки, детските и спортските игралишта.
Во периодот што следува, во сите месни и урбани заедници, Општина Кисела Вода ќе продолжи да спроведува акции за дезинфекција на јавните површини.
Работниците активностите ќе ги вршат со новите општински возила, со канистри за миење на улиците.