15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од скопски Центар од синоќа се во 14-дневна изолација, откако две наставнички се заразиле со коронавирусот.
Информицијата за ТВ 24 ја потврдија дел од родителите на децата, кои засега не сакаат да зборуваат јавно. Неофицијално, не се исклучува едната наставничка да се заразила од другата.
Велат исплашени се бидејќи освен што постои ризик децата да се заразат, биле и во контакт со бабите и дедовците.
Информацијата за ТВ 24 ја потврди и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ. Вели дека првачињата се во изолација, а на наставничките им се прави уште еден контролен тест, по што ќе има и повеќе информации.