САД: Опасност од надворешно мешање во претседателските избори

Американските безбедносни агенции ја потврдија загриженоста, посебно во врска со евентуално руско мешање во претстојните претседателски избори во САД.

Американското Министерство за внатрешна безбедност ја подигна загриженоста на повисок степен поради надворешните закани за безбедноста на изборите, кои ќе се одржат на 3 ноември.

– Русија се третира како евентуален примарен фактор за надворешно мешање и извор на штетни дезинформации. Најважна цел на Русија е да го зголеми своето глобално влијание за ослабување на Америка, соопшти Министерството за внатрешна безбедност на САД.

Треба да знаете
Последни објави