Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос, му се „одмазди“ на Карено Буста за Њујорк

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на гранслем  турнирот Ролан Гарос, откако со 3-1 во сетови го совлада Пабло Карено-Буста.

Она што не му успеа во Њујорк на УС Опен, кога беше дискфаливикуван токму во мечот со Шпанецот на Србинот му успеа во Париз.

Карено Буста го освои првиот сет што е прв загубен за Ѓоковиќ на досегашниот пат на турнирот во Париз, но потоа најдобриот светски рекет покажа зошто е на врвот. Лесно стигна до десеттото полуфинале на Ролан Гарос во кариерата.

Откако Карено – Буста го доби првиот со 6-4, Ѓоковиќ одговори со 6-2 во вториот сет. Третиот исто така го комплетираше лесно со 6-3, а низата продолжи во четртиот сет во кој му дозволи четири гема на ривалот. Ѓоковиќ во полуфиналната пресметка ќе се сретне со Гркот Стефанос Циципас кој со 3-0 во сетови беше подобар од Андреј Рублев од Русија.

Во другото полуфинале, Рафаел Надал ќе ги одмери силите со Аргентинецот Диего Шварцман.

Треба да знаете
Последни објави