Иако бројот на новоинфицирани со коронавирус веќе подолго време расте во главниот град на Австрија, градските власти одлучиле повеќе да не присуствуваат на седниците на сојузниот Кризен штаб.
Во последните 24 часа само во Виена се регистрирани 613 новоинфицирани лица, а претставникот на градот не дошол на седницата на Кризниот штаб.
Градските власти, одговарајќи на новинарски прашања, изјавиле дека претставникот на Виена бил спречен поради други состаноци. Сепак, виенскиот дневен весник „Естерајх“ тврди дека Виена целосно ќе го напушти Кризниот штаб.
Тоа го потврди и покраинскиот секретар за здравство, Петер Хакер, кој рече дека нема да испраќаат свој претставник на седниците на Кризниот штаб во иднина, затоа што смета дека тоа тело е професионално ненадлежна координациона институција.