Македонија го немаше Ељиф Елмас на располагање на мечот против Косово, кој нашата репрезентација го доби со 2:1, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави видео-порака која македонскиот „дијамант“ ја испратил пред мечот за соиграчите.
Во мотивирачкото обраќање македонскиот репрезентативец кој е отсутен поради ковид-19 потенцира дека верува во играчите и дека ќе го победат Косово. На крајот, тој го погоди исходот.
-Не можам да бидам дел од вас, ама тоа е што е, да сум здрав и жив. Моето срце секогаш е со вас. Знаеме дека го знаете вие тоа. Посакувам многу среќа, знаете за што играте, знаете дека играте за големо натпреварување како Европско првенство. Дека играте за Бате Горан, за цела Македонија, за цела нација. За вас, за семејствата, за децата кои сонуваат да ве видат на големо првенство. Знам и сигурен сум дека ќе излезете како победници и дека ќе се пласираме на едно големо првенство. Немам друго што да кажам. Јас се гордеам со вас. Знаете како треба, кажа Елмас.
https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija/posts/3713394905360657?__cft__[0]=AZUqudwvP-pBQp_swqPC6GRCQhdBl3D7G3lEzaHedj0rpmY4YG1V3ga0_OedLUmMvD4_PKnYx5Iitc56vaRjZlY4TScPDZLtqLofeGLWbJMb80bBdNQoIqMg4Pmy8FgYEuLkORaQTS2WzskgVOzkMNT5cXYk5SoW62CcqiWMA1RvjFddZDbExcvGHAy2R1qrUhWVKLtuiv9i_YLMSoF16Grz&__tn__=%2CO%2CP-R