И БиХ денеска е со рекордни бројки на новозаразени од коронавирусот

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина потврдени се 453 нови случаи со зараза од корона вирус.

Во Федерацијата биле тестирани 1.604 примероци, од кои 296 биле позитивни.

Ковид-19 досега е потврден кај 19.205 лица, излечени се 15.924 пациенти, а активни се уште 2.702 слчаи.

Пријавени се пет смртни случаи во Федерацијата, или вкупно 574.

Во Република Српска 155 се позитивни од тестирани 633.

Досега потврдени во РС се 10.003 случаи, а тестирани 83.689 лица.

Оздравеа 6.732 лица, а починаа 318.
Во Брчко потврдени се два нови случаи со корона вирус, а тестирани се 51 примерок.

Треба да знаете
Последни објави