Покрај проблемите со кадровската екипираност, Косово нема и статистички показатели кои би му ја донеле фаворитската улога на првиот меѓусебен, но многу значаен дуел со Македонија во рамките од полуфиналето во фудбалската Лига на нации што ќе се одигра вечерва (20.45 ч.) во Скопје пред празни трибини. Од овој аспект двете екипи во решавачките 90 минути кои можата да ги доведат на само еден чекор од пласман на ЕП-2020 влегуваат рамноправни. Нема да имаат никаков притисок да го покажат тоа што го знаат и умеат на теренот.
Косово неможе да се пофали и со статистички податоци кога станува збор за настапите како гости. Вечерашниот гостин подобро се снаоѓа во домашната отоколку во гостинската улога. Во последните 11 меча одиграни во Приштина загубиле само двапати и тоа од Англија во ланските евроквалификации и минатиот месец од Грција во второто издание од Лигата на нации. Но, кога ќе се погледнат резултатите на селекција постигнати на гостувањата доминираат поразите. Косово има три победи, четири нерешени исходи и 9 порази, во 16-те мечеви одиграни на гостински терен. Сепак овие показатели не треба да придонесат за опуштање кај македонската селекција, бидејќи две од трите победи на гостувањата косовската селекција ги има оставрено под водството на актуелниот селектор, швајцарскиот стратег Бернард Шаланде и тоа на официјални мечеви.
Откако е Швајцарецот на клупата имаат одиграно седум меча на гости и скорот им е две победи, три нерешени и два порази. Победите им се 5-0 против Малта и 3-2 против Бугарија во Софија.